Доаѓа гостин во домот на сопственик на фирма што произведува презервативи. А таму - 15 деца!
-Зарем сите овие се ваши деца - прашува гостинот. -За еден фабрикант за презервативи ова не е баш најдобра реклама. -Тоа и не е реклама. Тоа се рекламации! Како реагират жените кога ќе ги фатат со швалерот:
Англичанка: -Те молам Џон излези, нашите адвокати ќе го средат ова... Французинка: -Ооо Пјер, дојди и придружи ни се.... Мара: -Леле Блажо ти си .........ами кој е виа врз мене..... :)))) Разговор меѓу пријатели:
- Шо ти се десило на тебе бе? Зашто тие патерици? - Пред два дена направив сообраќајка. - И не можеш ли да одиш без патерици? - Не знам. Докторот вика оти можам, адвокатот вика дека нема да можам. Зошто добрите домаќинки не носат танга?
- од танага не се прави добра крпа Научна дилема: Што е подобро?
а) да мешаш малтер б) да мешаш алкохол Одлука
- Во виното било вистината. - Во пивото била силата. - Во водата имало бактерии. Одлуката е твоја!!! |
ЛАЖЕЊЕ
Една жена во авионот седела покрај свештеник. „Оче“, рекла жената, „може ли да ве замолам за една услуга?“ „Секако, ако можам ќе ти помогнам ќерко“. „Знаете, купив скап апарат за депилација, но се плашам дека ќе треба да платам многу за царина. Би можеле ли да го сокриете под мантијата?“ „Би можел ќерко, но проблемот е што јас не можам да лажам. Туку, дајте ми го апаратот па нешто ќе смислам.“ Жената си помислила дека некако тоа ќе се среди и му го дала апаратот. На аердромот цариникот го прашал свештеникот дали има нешто да пријави. „Од главата до половината немам ништо за царинење синко“, уверливо рекол свештеникот. Цариникот збунет го прашал: „а од половината надолу?“ „Тука доле, рекол свештеникот, имам еден апарат за жени, ама сеуште никогаш не е употребен.“ Цариникот одмавнал со раката, гласно се насмеал и викнал: „Следниот Ве молам ... Жена влегува во аптека и бара да купи отров.
Аптекарот: - За што ви треба отровот? Жената: - За да го отрујам мажот ми, ме изневерува. Аптекарот: - Извинете не можам така да ви продадам отров, тоа е нелегално без разлика што направил вашиот маж. Како одговор на тоа жената покажува фотографија од нејзиниот маж и љубовницата, на која аптекарот ја препознава својата жена. Аптекарот, давајќи го отровот вели: - Извинете, не знаев дека имате рецепт. Некој студент правел интервју со банкар-милионер:
- Која е тајната на Вашиот успех? - Трпение, пријателе, трпение! - Но, јас можам да набројам илјада нешта, за коишто трпението е апсолутно бескорисно. - На пример? - Да носиш вода во решето ... - Не сте во право, просто треба трпеливо да ја дочекате зимата. |
Полагаат Блажо и Мара за возачка дозвола.
Отишол Блажо со комисијата во една кола на една страна, а Мара со друга кола и комисија на друга страна. После пола саат се среќават на местото од кај што тргнале: - Шо напраи бе Блажо, положи ли? - Ма јок бе, ме изебаа на наа кривината кај Зоолошка и ме бутнаа. Ти шо направи? - И мене ме изебаа, ама положив… |
Ќерката ја прашува мајката
- Мамо јас кога ќе пораснам ќе имам маж? - Секако, ако си добра. - А, ако бидам лоша? - Тогаш ќе имаш многу ... |
Непушач го прашува пушачот
- Пушиш?.. - Да. - Глуп, со парите потрошени за цигари си можел Ферари да купиш.. - А ти пушиш? - Не.. - Па кај ти е ферарито? |